Еве што велат првите соседи на Христијан Мицкоски за НЕГОВАТА СОПРУГА која ретко ја гледаме во јавноста
Таа по потекло е од Струмица, а во Скопје живее од 90-те
![](/wp-content/uploads/2025/02/mickoski3-732x470.jpg)
Премиерот Христијан Мицковски важи за семеен човек, но и за човек максимално посветен на својата работа.
Тоа впрочем може да се види и од неговите објави на социјалните мрежи, посебно на Фејсбук, каде речиси секојдневно се споделуваат фотографии од неговите активности.
Но покрај овие објави, премиерот понекогаш знае да покаже моменти и од својот приватен живот, откривајќи каков е тој далеку од премиерската фотелја и обврските што ги има со оваа функција.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
И секогаш кога премиерот ќе го направи тоа, предизвикува воодушевување кај неговите бројни следбеници.
Таков е случајот и со следните фотографии, на кои покрај премиерот внимание привлекува и неговата понежна половина.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Премиерот со сопругата пред Соборниот храм…
Станува збор за неговата сопруга Рози Мицкоска, која понекогаш знае да се појави и на свечени настапи со премиерот и секогаш кога ќе го направи тоа ќе ги воодушеви сите и со своите интересни модни „приказни“.
На гости кај родителите на Христијан
Потсетуваме, Рози и Христијан ова година треба да прослават 20 години брак, а круна на нивната љубов се синовите Јован и Антониј.
И додека Христијан пред да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и премиер на Македонија, беше професор на Машинскиот факултет, неговата сопруга по професија е професорка по македонски јазик.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Тие се запознале за време на студентските денови, а нивната љубов ќе ја крунисаат со брак во 2005 година.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Инаку, Рози за разлика од својот сопруг не е активна на социјалните мрежи и многу малку се експонира во јавноста.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Премиерот со познатата водителка Меган Кели
Но затоа оние што се блиски до семејството, за неа велат дека е една сосема нормална жена, посветена на своето семејство.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
И како што велат нивните соседи, за неа никогаш нема да слушнете ниту еден лош збор во населбата во која што живеат, а останала присебна и покрај високата функција што ја извршува нејзиниот сопруг.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Слични „муабети“ кружат и за Мицкоски, кој и покрај премиерската функција, секогаш наоѓа време и за семејството …
Но, каков е Христијан приватно, може да погледнете и од неговото гостување кај јутуберот Стефан Лазаров..