Еве што се случува за Бадник во топлиот дом на Татјана – водителката на ова најмногу му се радува (фото)
За време на празникoт традиција е најмладите да добиваат бонбончиња, овошје, костени, колачиња, оревчиња и парички од оние на кои што ќе им тропнат на врата и откако ќе им ја запеат коледарската песна.
Познато е дека во домовите на многу наши познати личности Бадник и Божиќ се празници на кои најмногу им се радуваат.
Тоа секако важи и за водителката Татјана Стојановска која држи до традицијата и ги почитува православните празници.
Па така покрај подготовките за бадниковата трпеза, Татјана на Инстаграм покажа и дека спремна ги чека коледарите.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Имено, водителката сподели една фотографија со подароците со кои ќе ги израдува оние што ќе и дојдат на Коледе.
Таа не крие дека со радост ги чека коледарчињата да дојдат на нејзината врата и да и ги запеат коледарските песни.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Потсетуваме, водителката непосредно пред Нова година сподели дел и од новогодишната атмосфера во нејзиниот дом.
Како изгледаше и нејзината елка, погледнете тука…
Бонус рецепт за Бадник
Принтскрин
Посна погача со паричка
Бадниковата погача традиционално се пече на Бадник (денот пред Божиќ) и се поврзува со посната вечера пред Божиќ.
Токму затоа за денес ви подготвивме и еден одличен рецепт, а истиот може да го ѕирнете доколку кликнете тука…