Бизнис

Еве што произведувале нашите земјоделци во 2024 – во Македонија од ова најмногу се заработува

Во 2024 година зголемено производството на компир, краставици, јаболки и цреши

Advertisement

Регистрирано е зголемување на производството кај компирот за 9.0 % и кај краставиците за 3.6 %. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај оризот за 6.9 %, сончогледот за 10.2 % и луцерката за 6.7 %. Во 2024 година во однос на 2023 година е забележано значително зголемување на производството кај сите овошја.

Во 2024 година во земјава биле регистрирани 506 586 хектари обработлива површина, соопшти Државниот завод за статистика. Кај обработливата површина намалување е забележано кај ораниците и бавчите за 2.0 % и кај лозјата за 1.7 %, а зголемување кај овоштарниците за 3.1 %.

Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај компирот за 9.0 % и кај краставиците за 3.6 %. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај оризот за 6.9 %, сончогледот за 10.2 % и луцерката за 6.7 %.

Advertisement

Во 2024 година во однос на 2023 година е забележано значително зголемување на производството кај сите овошја.

Најголемо зголемување на производството е забележано кај јаболката за 59.1 % и кај црешите за 41.0 %.

Компирот и краставиците најисплатливи

Оние што садеа компир минатата година заработија убаво, како во поглед на цена, така и од големиот принос и квалитет.

Advertisement

Цената на компирот во ЕУ расте и оваа година, па се очекува да биде зголемена и кај нас во однос на претходната година.

Во овој период од годината, кога се велигденските пости, компирот повеќе се троши, па оние што го имаат, убаво заработуваат…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button