Наши ѕвезди

Еве што прави Спасен во шума кога е со сопругата – цензурирано видео, ги насмеа сите (видео)

Ќе се изненадите и како Спасен ја запознал сопругата

Advertisement

Пејачот денес го живее својот сон

Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски по потекло е од Пополжани, каде и денес живеат неговите родители.

Advertisement

Тој е некој кој со своето потекло отсекогаш се гордеел, а познат е и како голем љубител на природата.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Па така и покрај тоа што со семејството живее во Скопје, речиси секогаш кога има слободно време оди во посета н својот роден крај.

Спасен тука ја има пронајдено својата оаза на мирот, покрај река и шума, каде отсекогаш се чувствувал најубаво.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Впрочем тоа може да го видиме и од неговите бројни снимки, а тоа Спасен го направи и сега, со неговите последни објави.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Имено, познатиот пејач се снимаше со сопругата како се шетаат и бараат печурки, а друштво му прави шарпланинецот Оскар.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Време е за.. печурки!

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Како Спасен го минува своето време со саканата, но и како се пошегува на нивна сметка, откријте во продолжение:

Потсетуваме, Спасен е еден од ретките чувари на македонската изворна традиционална македонска песна на македонската музичка сцена. Ја сака и почитува македонската музика, но и традиција. Тој е среќно оженет со неговата сопруга и имаат две прекрасни деца, а во една пригода откри како се запознале и ги изненади сите.

„Јас се што е поврзано околу мојот живот е интресно, кога раскажувам луѓето мислат дека се уфилмувам. Јас и мојата сопруга се имаме запознаено во Аушвиц. Во најмрачното место се роди љубов. Јас бев како музичар во Полска во концентрациониот логор, а мојата сопруга како турист. Се запознавме, во тој период кога се вратив имав несреќен случај, мојата сопруга тогаш не ми беше сопруга, ми беше девојка, доаѓаше скоро секој ден кај мене на посета и не одеше во училиште туку се грижеше за мене како моја девојка“ раскажа Спасен во една пригода во емисијата Магазин, а потоа го додаде и следново: .

„Се сеќавам на еден муабет кој ми го кажа мојот кум, повозрасен од мене, човек со високи морални вредноста, ми рече кога ќе бараш девојка кога ќе дојде време да се жениш немој да ја гледаш надворешната убавина. Побарај девојка кога ќе дојде време кога ќе имаш потреба ќе ти свари барем еден чај да се напиеш. Тоа го видов во тие моменти и си дадов во себе ветување дека кога ќе оздравам и ќе ја напуштам болницата ќе ја запросам. До ден денес ја одржуваме љубовта. И да се врати времето повторно би го направил истото, ништо не би променил“, изјави тогаш Спасен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button