Еве што прави Наум Петрески додека неговите колешки уживаат на плажа – мирно и без нервози (фото)
И додека неговите колешки уживаат на некоја плажа, Наум исто така ужива, но на малку поинаков начин...

Еве како пејачот си ги полни батериите
Покрај бројните настапи што ги има во текот на летните месеци, Наум Петрески слободните денови ги користи за одмор.
Пејачот сега на својот профил на Фејсбук покажа како си ги полни батериите, заедно со своите пријатели.
Фејсбук/ Наум Петрески
Имено, тој се снимаше како лови риба, со вадица во рацете и светилка на главата, подготвен за риболов и во ноќните часови.
И како што вели во шега, единственото нешто што може да ги нервира во овие моменти е пеењето на славејчињата, па го забележа уживањето и веднаш го сподели со своите фанови на социјалните мрежи.
Фејсбук/ Наум Петрески
Мирно и без нервози
Повеќе од јасно е дека Наум ужива во слободното време, но и дека риболовот максимално го исполнува со позитивна енергија.
Фејсбук/ Наум Петрески
Наум по оваа кратка пауза продолжува со подготовките за настапите што го очекуваат, а неодамна неколку фотографии сподели и неговата сопруга на социјалните мрежи со кои ги изненади фановите.
Фејсбук/ Наум Петрески
И таа позираше покрај вода, но во малку поинакво издание, во какво пејачката ретко имаме прилика да ја видиме.
Фејсбук/ Наум Петрески
Имено, Зуица тогаш наместо во елегантни фустани во какви најчесто ја гледаме, се фотографираше во опуштено издание.
Како изгледаше, погледнете во продолжение…