Еве што прави денес распеаниот молер од Македонија – со пејачката Ленче Кукиќ беа тема број еден (фото)
„Лебот го вадам со пот, не со песна“, вели скромниот пејач од Битола што победи во популарното шоу

Кога распеаниот молер од Македонија прв пат се појави во „Никогаш не е доцна“ ги воодушеви сите.
Станува збор за Бејхан Рамов кој пред четири години собра најмногу гласови од публиката преку СМС гласањето во шоу и тоа истата година кога уште една Македонка триумфираше.
Имено, покрај Бејхан кој тогаш ја прими наградата од Лепа Брена во четвртата сезона од „Никогаш не е доцна“ триумфираше и Ленче Кукиќ, и тоа најпрво со Фејсбук гласовите, а потоа и од жирито.
Таа тогаш беше прогласена за двојна победничка, така што три од четирите главни награди ги освоија Македонци.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Инаку, Бејхан по победата во популарното шоу и во врвот од својата слава се повлече од сцената и му се врати на стариот живот.
Инстаграм/ Бејхан Рамов
И наместо да сними авторска песна и да ја искористи славата, тој продолжи со својата професија како ѕидар и молер.
„Не, јас одамна кажав дека пеењето не ме храни, мене ме храни мојата работа, потта, така што јас се уште се занимавам со градежни работи. Ѕидам, молерисувам, мајсторисувам, а песната како песна секогаш е тука. За неа има место и покрај мојата примарна работа“, изјави во една пригода Бејхан додавајќи дека се уште има сила да работи, но и да го почести своите колеги од градежништво со песна.
Инстаграм/ Бејхан Рамов
Тој и денес може да се види низ битолските улици, онака скромен и се уште корпулентен каков бил и отсекогаш.