Познатиот македонски пејач на народна музика Влатко Миладиноски на 22 март ќе одржи голем концерт во Скопје.
Концертот ќе се одржи во Национална опера и балет, а како што откри и самиот Влатко во интервју за Гламур магазин, на концертот ќе можат да се слушнат неговите авторски песни, кои тој заедно со Златко Миладиноски и неговиот оркестар ќе ги изведат на големата сцена. „Оркестарот што ќе биде на сцената ќе брои 30 музичари. Професионалци со кои што сме соработувале низ годините во текот на нашата кариера“, изјави Влатко за Гламур магазин.
Влезниците за овој концерт на внукот легендарниот Војо Стојаноски и пејач на една од најубавите македонски песни „Велат не нема“, веќе се пуштени во продажба, а повеќе детали во врска со самиот настан, како и за изненадувањето што Миладиоски го подготвува за својата публика, прочитајте во продолжение…
Прашање: Полека се ближи 22 март, што може да очекуваме на концертот во МОБ ?
22 Март е нашиот солистички концерт со Златко Миладиноски и неговиот голем оркестар. Се надевам дека оние кои што ќе дојдат ќе уживаат во она што ќе биде изведено на сцената на МОБ.
Прашање: Дали веќе е подготвен репертоарот и колку песни ќе бидат изведени ?
Да програмата е веќе подготвена, а ке бидат изведени повеќе од 20 наши авторски песни.
Прашање: Кого се’ ќе видиме на сцената?
Оркестарот што ќе биде на сцената ке брои 30 музичари. Професионалци со кои што сме соработувале низ годините во текот на нашата кариера.
Прашање: Дали ќе имате некои гости?
Не сакам да откривам имиња бидејќи сакам да биде изненадување, но можам само да кажам дека имаме гости од многу мноогу далеку!
Како и секогаш до сега ке посветиме внимание на сите соработници со кои сме соработувале во текот на нашата кариера.
Прашање: Каде можат да се набават влезници?
Влезници може да се добијат директно на бројот од плакатот или онлине на mktikets и во сите нивни продажни места. На кого како му е полесно, ги имаме сите опции.
Прашање: Песната ,,Велат не нема“ некако ја одбележа Вашата кариера и нема веселба каде што не е отпеана, ќе ни откриете нешто за овој хит?
Тоа е веќе „легенда” која што постои за таа песна и која ке ја откријам на самиот концерт, а човекот кој што е директна инспирација за „Велат не нема” ке биде присутен на концертот и ќе го видиме на кратко и на сцената.