Наши ѕвезди

Еве што откри Никола за Цеца и големиот концерт во Македонија – целиот живот ќе се сеќава на ова

Никола искрено за концертот во Крива Паланка, но и за тоа каква е Цеца како менторка...

Advertisement

Цеца е Цеца, вели Никола за својата менторка…

Никола Станишиќ по победата во „Ѕвездите на Гранд“ сериозно работи на својата кариера, но и ниже бројни успеси.

Advertisement

Пред неколку недели ја објави и својата прва песна „Татко мој“ што ја сними по големиот триумф во популарното шоу, а која беше одлично прифатена од обожавателите на овој млад пејач.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Никола за оваа песна сними и преубав спот, а истата всушност е дует со македонскиот пејач Гоце Петрески.

Advertisement

Тој најави и многу други нови проекти, а неодамна ја изненади публиката и кога се појави на концертот на Цеца во Крива Паланка.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Имено, Никола беше специјален гостин на концертот на својата менторка, па во едно од последните интервјуа за новинарите на „Гранд“ продукција, победникот го спомена и овој настан не криејќи колку е задоволен, но и благодарен што Цеца го поканила.

„Презадоволен сум што Цеца ме покани на тој концерт, така што прв пат ми се случува да пеам пред толку многу народ“, изјави Никола.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Тој потоа додаде и дека му било чести и задоволство што пеел заедно со неа, а неодамна и за Гламур откри зошто Цеца за него е една и единствена, најдобрата менторка во популарното шоу.

„Цеца е одлична како ментор“, изјави тогаш Никола, а потоа откри и што е најважното што го научил од балканската фолк-дива.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„Од неа научив многу работи, а најбитни ми се никогаш да не се откажувам ако имам цел во главата, да верувам во себе и да слушам поискусни, како Цеца“, изјави Никола, па додаде и дека кога му било најтешко токму таа му се јавила и го убедувала да не се откаже од натпреварувањето.

Целото интервју со Никола прочитајте го тука >>

Принтскрин/ Блиц ТВ

Потсетуваме, Никола деновиве беше гостин и во емисијата на Цеца, „Цеца шоу“, кога имаше една интересна ситуација.

Имено, популарниот фолк-пејач Саша Матиќ во емисијата му даде критика за неговото пеење откако тој ја изведе „Македонско девојче“, а Цеца веднаш застана во одбрана на својот пулен.

Повеќе за ова откријте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button