Експертите велат дека не треба да јадете после 19 часот и објаснуваат зошто доцната вечера може да биде опасна по вашето здравје.
Експертите велат дека не треба да јадете после 19 часот и објаснуваат зошто доцната вечера може да биде опасна по вашето здравје. Доколку сепак се одлучите да јадете после 19 часот, тогаш трудете се да ги избегнувате следниве намирници.
1. Пржена храна
Масната храна е богата со калории и маснотии, но и тешко се вари, поради што наутро можете да се чувствувате тешко и уморно.
2. Црвено месо
Како и масната храна, така и црвеното месо тешко се вари, поради што проблем би ви било да заспиете. Црвеното месо е најлош избор на храна после 19 часот, но и голема порција пилешко месо ќе има исто така лошо влијание.
3. Зачинета храна
Уживањето во лута и зачинета храна после 19 часот може да ве чини добар сон. Освен тоа, премногу зачинетата храна предизвикува надуеност и го попречува варењето, особено ако после консумирањето таква храна, веднаш отидете во кревет.
4. Шеќери и кофеин
Шеќерот и кофеинот може да предизвикаат немирен сон. На пример, чоколадата го содржи и едното и другото. Подобар избор би било топло чоколадно млеко со низок процент масти.