Наши ѕвезди

Еве што ќе се случи со гласовите на Никола Станишиќ – Македонија гласаше, но шоуто беше прекинато

Нашиот Никола ја подигна публиката на нозе

Advertisement

Неговото највесело издание досега

Единствениот претставник од Македонија во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, го воодушеви целиот регион.

Advertisement

Никола настапи со три македонски песни во финалето на популарното шоу кое од оправдани причини беше одложено.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

И за време на натпреварот сите беа воодушевени од неговите интерпретации на познати македонски песни (што може да се види и по коментарите на мрежите), а Никола насмеан и расположен како и секогаш претходно, беше брилијантен и во финалето.

Advertisement

Една од песните што тој ги изведе во финалето беше и „Ќе ти дојдам вечер“ од нашиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Никола на сцената дојде се ансамбл чии членови беа облечени во народни носии, а песната на Спасен ја пееше качен на тапани.

Како изгледаше овој момент, погледнете во продолжение:

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И како што објави и порталот на Гранд, Македонија навистина беше горда по овој генијален настап на шармантниот пејач.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој со својата енергија, насмевка и позитивна харизма и овој пат успеа сите во студиото да ги крене на нозе и направи џумбуш.

Финалето прекинато, што ќе се случува со гласовите?

Овој настап сигурни ќе му остане во сеќавање како еден од најубавите моменти, а и публиката нема да го заборави.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Но по настапот на сите натпреварувачи, водителката Тања Севиќ соопшти вест што ги изненади и гледачите, но и финалистите

Имено, заради немирите во Белград емитувањето на финалето беше прекинато по првиот круг и првиот пресек на гласовите.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Продолжението на финалето е закажано за следниот викенд, кога публиката конечно ќе дознае кој ќе биде победник.

Гласовите кои беа испратени вчера ќе важат и тогаш – тие ќе бидат додадени на гласовите што ќе пристигнат следната сабота.

Повеќе детали од прекинатото финале, погледнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button