Реклама
Бизнис

Еве што ќе се случи ако од Тему го побарате ова – ќе се изненадите, но верувајте не сте единствените

Оваа политика на Тему многумина изненади, но очигледно тоа е нивно правило...

Реклама

Една девојка решила да ја направи својата прва порачка од популарната интернет продавница Тему и да види што ќе се случи.

Таа нарачала производ што и се допаднал и кој чинел околу 700 денари, но кога пратката пристигнала била разочарана, па решила да се пожали.

Оваа девојка потоа своето искуство со Тему го сподели во една популарна Фејсбук група каде се споделуваат искуства на корисниците на интернет што купувале од оваа популарна светска платформа за шопинг.

Маркетинг

Имено, Ивана, најпрво се пожалила дека производот што пристигнал бил со погрешна боја и величина, а бил и оштетен.

Маркетинг
Принтскрин/ Тему

И како што пишува оваа девојка таа го пријавила случајот во Тему, а одговорот што го добила ја оставил без зборови.

Наводно, од Тему и порачале дека ќе и ги вратат парите што ги дала за производот, но и дека не треба да го врати истиот.

Принтскрин/ Тему

Нејзиното искуство предизвика големо внимание на Фејсбук групата во која што таа го сподели, па многумина коментира дека Тему не бара да им се вратат производите доколку дошло до грешка, но само во случај ако станува збор за роба која не е премногу скапа, најверојатно до одредена цена, и ако грешката е направена од нивна страна.

Инаку, Тему откако се појави постојано предизвикува големо внимание, а сите се прашуваат како на оваа компанија и се исплаќа да продава нешто што на друго место би чинело неколку пати поскапо.

Принтскрин/ Тему

И додека едни сметаат дека тоа е затоа што станува збор за производи со лош квалитет, други сметаат дека компанијата може да си го дозволи тоа затоа што малку трошоци, а огромна потрошувачка.

Па, кое е вашето мислење за ова?

Дали досега сте купувале од оваа платформа и дали сте имале вакво или слично искуство. Слободно споделете го вашето мислење со нас во коментарите на нашите социјални мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button