Неколку места што НЕ смеете да ги пропуштите во Амстердам
Ако патот ве однесе во Холандија, поточно во главниот град Амстердам, тогаш дефинитивно мора да се одлучите да ги посетите овие места и да ја испробате оваа храна.
Public House of Art
Public House of Art има јасна порака – We are not a f*cking gallery! Ова место ќе ве воодушеви со фантастичните принови, забавни пораки и забавно уредениот простор.
Petit gâteau
Предизвик е да се обидете да изберете само една мини пита! Не само што изгледаат прекрасно, туку таков е и нивниот вкус: со јагоди, малини, карамела, со вкус на кафе, чоколадо, портокал… изборот е фантастичен!
Hotel Generator Amsterdam
Генератор Амстердам се наоѓа на источната страна од градот и има капацитет за 564 гости во 168 двокрветни и четирикреветни соби.
Happyhappyjoyjoy
Фантастична храна, богати вкусови, експлозија од бои… сето она што е типично за азиските гадови, ќе го доживеете во Амстедма. Отворента кујна која ви дава поглед во неа, а и мирисот кој доаѓа од таму дефинитивно ќе ве направат гладни!
Van Gogh Museum
Амстердам има многу музеи, а тешко е го посетите овој град, а да не отидете во музејот Ван Гок. Тој го следи животот и делото на еден од најголемите уметници на сите времиња.