Реклама
BEAUTYКоса

Еве што треба да направите 3 минути после туширањето, за да имате здрава и хидрирана кожа

Реклама

Туширањето влијае на здравјето на вашата кожа, која пак бара правилна нега. Затоа, многу е важно да пронајдете рутина која ќе му одговара на вашето тело.

ФОТО: garnierusa.com

Редовнот чистење и хидрирање е само еден од начините како треба да ја негувате. Но, многу жени прават една грешка откако ќе се истушираат, со што ја уништуваат својата кожа. Имено, тие предолго чекаат за да нанесат хидратантен крем или пак воопшто не го нанесуваат. После туширањето порите се шират поради пареата и топлината во бањата.

„Важно е таа вода да ја задржите во телото со нанесување на хидратантна крема и тоа само 3 минути по туширањето“, велат дерматолозите. Ако чекате подолго од 3 минути, вашата кожа ќе ја изгуби влагата. Затоа, секогаш чувајте хидратантен крем во вашата бања и нанесете го веднаш откако ќе се исуширате, за да имате здрава и хидрирана кожа.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button