Реклама
Новости

Еве од која болест почина Саша Поповиќ и како изгледаа неговите последни денови пред да ја изгуби битката

Ќе биде погребан во четврток, на 6.март во Белград, а почина во една од најпознатите болници во Париз.

Реклама

Креативниот директор и еден од основачите на „Гранд“, Саша Поповиќ, почина на 1. март, по кратко и тешко боледување.

Александар Саша Поповиќ последните денови од животот ги помина во Париз опкружен со најблиските кои цело време беа покрај него и му беа најголема поддршка во оваа тешка борба со болеста.

Тој ќе биде погребан во четврток, на 6.март во Белград, а почина во една од најпознатите болници во Париз.

Маркетинг

Поповиќ помалку од година дена се бореше против рак, тешка болест за која случајно дозна по повредата на ногата.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Последниот период од животот го помина на релација Белград-Париз каде што се лекуваше со најсовремени методи во медицината, а неговите колеги од „Гранд“ (види тука) до последен ден се надеваа дека тој ќе се врати меѓу останатите членови на жирито и заедно ќе ја завршат сезоната која започна без него.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Болеста ја откри во мај 2024

Како што пренесуваат медиумите, Саша за болеста дознал по повредата на ногата, кога му биле направени детални прегледи.

Тогаш докторите откриле дека неговата здравствена состојба не е добра, па Саша веднаш започна со лекување, но не успеа да ја победи болеста.

Како што објави српскиот Телеграф, Поповиќ водел битка со една од најопасните болести – карцином на желудникот.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Откако му била соопштена дијагнозата, Саша се лекуваше во најсовремена клиника во Париз, каде и почина по девет месеци борба.

Последните денови од животот ги помина опкружен со најблиските, а неговиот погреб ќе биде на 6 март во Белград.

Поповиќ со семејството (Инстаграм/ Сузана Поповиќ)

Последни фотографии

Потсетуваме, новата сезона „Ѕвездите на Гранд“ започна во септември, но Саша не се појави заради што сите беа изненадени.

Неговите колеги понекогаш го споменуваа во шоуто, а се случуваше и тој директно да им се јави и да комуницираат со него преку телефон за време на снимањата, да ги послушаат неговите совети.

Но тогаш во јавноста не се знаеше зошто Саша е отсутен и дека е сериозно болен, иако многумина претпоставуваа дека нешто не е во ред, а тоа можеше да се заклучи и од изјавите на некои негови колеги.

Во медиумите последен пат се појави во октомври минатата година, кога екипата на „Папараци лов“ го сними при посетата на „Гранд“ студиото, кога се лекуваше, но за тоа се уште никој не знаеше.

Повеќе за ова прочитајте тука

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button