Стил

Еве на што Лила го троши своето богатство – ПОЗНАТАТА ВОДИТЕЛКА не може без овие луксузни детали

Познатата водителка со ова свое издание им го привлече вниманието на случајните минувачи низ градот

Advertisement

Никого не остави рамнодушен

Познатата водителка се прошета низ градот, па седна на една клупа да се одмори, привлекувајќи им го вниманието на минувачите.

Advertisement

Претпоставуваме дека веќе и врапчињата на гранките знаат дека станува збор за Лила Филиповска, а одличното пролетно издание со кое овој пат се прошета низ градот никого не остави рамнодушен.

Имено, Лила реши да се „излуфтира“ и за ова променливо време избра стајлинг кој е совршен избор за преодниот период.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Но покрај црната комбинација што ја носеше, водителката овој пат привлече внимание и со модните додатоци.

Advertisement

Тука пред се мислиме на големата чанта со класичен облик на еден од омилените брендови на многу жени, Луј Витон.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Иако станува збор за еден од најпознатите модели, оваа чанта изгледа елегантно посебно во оваа големина и заради кафеавите рамки.

Покрај чантата, ќе ги споменеме и длабоките спортски патики кои се совршен избор за едно вакво време, но и начинот на кој што таа ги носеше, односно со широкиот ремен и очилата за сонце кои исто така беа од светски познати брендови. Овие луксузни детали во комбинација со розовиот кармин и косата врзана во висока опашка го нагласија ова самоуверено и отмено издание на Лила.

#LUBiker

Нов модел што ги освојува жените

Новата Biker чанта од Луј Витон е клучниот модел во колекцијата за пролет-лето 2025. Овој неодолив дизајн е инспириран од класичните кожени рок јакни, но воедно и ги задржува традиционалните линии на брендот кои влечат корени од производството на куфери и торби за патување од старото време.

Оваа чанта од Луј Витон (LV Biker) се продава во три величини од кои најголемата нуди доволен простор, додека нано моделот е идеален како за дневна, така и за вечерни пригоди. Цените започнуваат од 3250 долари за нано, па 4300 долари за ПМ и 4600 долари за ММ моделот…

Структурата на овој модел потсетува на веќе култните „Speedy“ и „Keepall“ модели, додека ремените му додаваат сестраност, така што станува збор за совршен моден додаток од новата женска колекција на познатиот бренд. Модел кој совршено ја одразува темата „soft power”, но истовремено додава модерни и остри нијанси во асортиманот на оваа престижна и луксузна модна куќа од Франција.

Инстаграм/ Тина Поти

Инстаграм/ Ел Фергусон

Инстаграм/ Хелен Бордон

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button