Наши ѕвезди

Еве колку пари пејачот Саша Ковачевиќ го плати дијамантскиот прстен со кој ја запроси Зорана

Прстенот го платил 10.000 евра, ќе имаат 500 гости на свадбата

Advertisement

Испливаа и детали околу свадбата

Познатиот пејач Саша Коваевиќ кој им е миленик на многу жени од регионот овој викенд го направи чекорот што сите го очекуваа.

Advertisement

Тој ја запроси својата сакана Зорана Тасовац со која осум години беше во врска, а снимката на која се гледа како го вади прстенот од задниот џеб, клекнат на колената пред убавата Зорана, ги воодушеви сите.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

И како што пренесуваат српските медиуми, а според извори блиски до познатиот пар, Саша прстенот го платил 10.000 евра.

Advertisement

Станува збор за дијамантски прстен кој Саша го криел од саканата месец дена и без ништо да и открива, заминале на патување во Атина, каде се случи запросувањето, што беше изненадување за Зорана.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

Потсетуваме, Зорана од првиот брак со Богдан Срејовиќ ја има ќеркта Искра која живее со нив, во елитен дел од Белград.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

Искра се воодушевила кога и кажале, таа Сашо го гледа како втор татко, а и тој ја сака како свое дете.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

„Секако дека Саша го познава и поранешниот сопруг на Зорана, тие отсекогаш биле и останале во одличен однос. Секако дека и тој им честиташе, но не знам дали ќе го викаат на свадба за тоа не сме зборувале. Мислам, зошто да не?!“, вели изворот за Информер, потврдувајќи дека за свадбата планираат околу 500 гости.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

Пентхаусот на Саша и Зорана

Познатиот поп-пејач живее во стан во еден елитен комплекс во Белград така што сега први комшии му се Новак Ѓоковиќ и Милица Павловиќ, но и многу други познати и богати лица.

Во луксузниот стан заедно со нив живее и ќерката на Зорана од првиот брак со која Саша има одличен однос.

Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

И како што самиот откри во една пригода кога сподели снимка од својот дом, во дневниот престој има клавир и е во топли, неутрални бои.

Повеќе детали за тоа како изгледа неговиот дом, погледнете тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button