БизнисВести

Eве колкави плати земаат судиите во Македонија

Advertisement

Основно правно начело согласно домашните и меѓународните правни стандарди е да не се коментира неправосилна судска одлука, се со цел да не се влијае на понатамошната судска постапка и одлучување на повисок степен.

Заради тоа и во овој случај, иако како судство сме прозвани за донесената неправосилна пресуда за предметот познат како „ Онкологија“ – донесена врз основа на признание на вина, Здружението на судии на РСМ, ќе ги почитува правните стандарди и нема да даде свој коментар, порачаа денеска од Здружението на судии како реакција на коментарите на премиерот Христијан Мицкоски.

Advertisement

По однос „вечната тема“ платите на судиите во земјава, Здружението на судии јавно ќе ги обелодени фактите кои се проверливи и достапни за јавноста.

-Платите на најголем број на судии во Основните судови во РСМ, со фамозното „зголемување“ од 78 проценти, достигнува до 86.000 денари, а примањата на судските службеници се исклучително ниски и под просечната плата во РСМ. Ваквите плати на судиите и секако судските службеници се апсолутно најниските во регионот и пошироко, порачаа од Здружението на судии.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека не се согласува судиите и обвинителите да земаат повисоки плати, како што предвидуваат реформските закони во правосудството, бидејќи одлуките што ги носат и рејтингот што го имаат, според него, покажуваат дека не ги заслужуваат.

Advertisement

-И секогаш чувстувам некаква мачнина, бидејќи тие сега и овие плати што ги земаат не ги заслужуваат, имајќи предвид вакви судски одлуки за кои вие сега зборувате, изјави Мицковски одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на Штип.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button