Наши ѕвезди

Еве која е убавата пејачка од Скопје која со „Стариот џумбушлија“ ги збуни сите во „Ѕвездите на Гранд“

Таа свири на виолина и има завршено музичка академија, а изгледа како принцезите од цртаните на Дизни

Advertisement

Оваа млада дама од Скопје сo својот шарм ги освои сите .

Ангела Влинтовска има завршено Музичка академија и свири виолина, а овие денови е актуелна и заради „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Имено, Ангела овој викенд се појави на грандиозната сцена и настапи со песните „Признавам“ и песната „Стариот џумбушлија“.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Таа доби пет гласови „да“, но и два „не“, од Мили и Дара Бубамара, но сепак успеа да се пласира во следниот круг од баражот.

Advertisement

Според Дара, Ангела изгледа мошне симпатично, но згрешила што избрала старомодни песни.

Инстаграм/ Ангела Влинтовска

И Ѓорѓе Давид, кој во шоуто е познат како некој на кого кандидатите од Македонија му се слабост, и препорача дека подобро би било да избере некоја песна од Каролина, отколку првата песна.

Инаку, втората песна која што Ангела ја изведе, „Стариот џумбушлија“, е песна со која познатата пејачка Ана Бекута настапи на фестивалот во Валандово, во далечната 91 година, а која и денес е голем хит.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Но очигледно дека изборот на песните овој пат пресуди Ангела да не ги добие сите потребни гласови за директно да помине во следниот круг. Сепак, заради преседанот што го нарави продукцијата, таа успеа да продолжи со шоуто од баражот (повеќе за ова прочитајте тука), а посебен комплимент доби од Снежана Ѓуришиќ, според која, втората песна таа ја извела сосема солидно.

Какви совети и дадоа Цеца и Мили за следниот круг на Ангела, откријте тука, а во продолжение и една информација што сосема случајно ја откривме за ова талентирана дама, а која воодушеви многумина.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Имено, токму Ангела ги пее придружните вокали во најновата песна на Дамјан Стојаноски која може да ја слушнете тука.

Бонус видео

КАФЕ МУАБЕТИ со Дамјан Стојаноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button