Еве која е македонската Гранд ѕвезда што го преживеа пожарот – Цеца го обожаваше ова момче
Младиот музичар мометално е во стабилна состојба...

Неговата здравствена состојба во овој момент е стабилна, а досега му биле направени две операции….
По страшниот пожар што се случи ви дискотеката во Кочани, 59 лица ги изгубија животите, а некои се спасија со тешки повреди.
Еден од повредените е и младиот музичар од Штип, Горан Тонев, кој кобната ноќ беше во дискотеката и кој се наоѓа во болница во Солун.
Како што пренесуваат медиумите, неговата здравствена состојба се поправа, а досега му биле направени и две операции.
Инаку, Горан покрај тоа што настапуваше со ДНК, беше познат и во регионот по неговиот настап во „Ѕвездите на Гранд“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено тој пред неколку години се појави на грандиозната сцена на ова шоу и со својот музики талент ги воодушеви сите.
Горан тогаш беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, која не го криеше задоволството што го има во својот тим.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Настапуваше со песни од Тоше Проески, но и со легендарната песна од „Конкорд“ „Високи штикли“, која ги воодушеви сите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Јавноста го памти и од неговиот настап на „Макфест“ во 2020 година, а на Фејсбук има бројни заеднички настапи со ДНК.
Потсетуваме, во страшниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а преку 190 се повредени.
Меѓу починатите се и осум членови на групата „ДНК“ – пејачот Андреј Ѓорѓиески, тапанарот Ѓорѓи Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо. Владимир Блажев – Панчо, кој заедно со Андреј е еден од основачите на бендот, ја преживеа несреќата, но во моментот е во болница со тешки изгореници и е приклучен на кислород. Несреќата ја преживеа и Ана Костадиновска, придружен вокал во групата, која во моментот е во стабилна состојба.
Принтскрин/ Јутуб
Според изјавите на очевидци, Андреј успеал да се извлече од дискотеката на смртта, но решил да се врати за да им помогне на останатите. Тогаш врз него паднал кровот, по што пејачот кој со својот колега Панчо беше познат и по својата хуманост, загина на лице место.