Сигурно и вие сте ја следеле серијата „Пријатели“, но веруваме дека не го знаевте овој детаљ…
Во една од најпознатите серии, „Пријатели“, девојките се бореа за улогата на Рејчел Грин. Џенифер Анистон (49) ја освоила оваа улога која ѝ го отвори патот кон успешната кариера која ја има денес.
Актерката Тифани Тисен (44), позната по улогата на Валери Мелон во тинејџерската серија „Беверли Хилс“, исто така конкурирала за таа улога.
„Бев на аудиција за улогата на Рејчел. Но, бев премлада во однос на сите други актерки, па не успеа“, рекла Тифани кога тогаш имала 20 години, а Џенифер 5 години повеќе.
Иако не ѝ успеало да ја добие улогата на славната Рејчел, Тифани оствари значајна кариера. Таа веќе триесетина години е на малите екрани, а најпрво се оствари како тин ѕвезда. Освен Тифани, помеѓу девојките кои се натпреварувале за оваа улога била и Елизабет Беркли (46). Ниту Беркли не ги задоволувала критериумите за улогата на Рејчел, но сепак остварила бројни телевизиски улоги.