Иако се енергични, Овните не сакаат својата енергија да ја трошат на лажење!

Овните претпочитаат секогаш на другите да им ги кажуваат работите кои ги мислат, без оглед на тоа дали ќе ја повредат личноста или не. Искреноста е нивното второ име, па никогаш не се плаашт да ја кажат вистината.
Нивните брутално искрени реченици понекогаш знаат да повредат некого, но и покрај тоа, ним им е важно да ја зборуваат само вистината. Кај припадниците на овој знак важи: Она што го гледаш, тоа и го добиваш.
Нивното однесување и нивните зборови се вистински одраз на нивната личност, и ретко се прикриваат себеси и своето размислување. На кој му одговара тоа – супер, а на кој не – уште подобро! Овните не го трошат своето време за да придобијат нечие лажно внимание.
Како прв знак во одијакот, Овните во животот најдобро се снаоѓаат во улога на лидери и почетници, додека подредената работа им паѓа потешко. Тие се искрени и отворени личности кои не се плашат да го изразат своето мислење, па дури и во ситуации кога е подобро да го задржат за себе.
Отворени се, комуникативни и директни, а околината ги цени поради нивната отвореност. Не сакаат лажи и подметнувања или задгрбни игри, па затоа со нив секогаш ќе знаете на што сте.