Наши ѕвезди

Еве кој е Македонецот што ја воодушеви публиката во популарното шоу – пее како Владо Георгиев

Помина во следниот круг...

Advertisement

Публиката беше воодушевена, па на крај и го награди

Боби Зафировски од Куманово, познат и како Боби Амадеус, ја воодушеви публиката со својот настап во „Никогаш не е доцна“.

Advertisement

Како што самиот откри во шоуто, со музика се занимава од своите тинејџерски денови и до неодамна настапуваше со бенд.

Принтскрин/ јутуб, Никогаш не е доцна

Но од неодамна Боби реши кариерата да ја продолжи соло, а откри и дека веќе со години е разведен и живее сам.

И како што самиот вели, се оженил многу млад, но по 15 години се развеле и од тогаш е слободен, пишува „Гранд.онлајн“.

Принтскрин/ јутуб, Никогаш не е доцна

Кога водителот Жика Јакшиќ слушна дека Боби е без партнерка, веднаш објави конкурс и ги повика жените кои се слободни да му се јават.

Принтскрин/ јутуб, Никогаш не е доцна

Боби во првиот круг се претстави со песната „Љубовник“ од Жељко Самарџиќ, а привлече внимание и со својот стајлинг.

Имено, Боби на сцената се појави во впечатливо жолто сако, за што веднаш доби позитивна критика од Марија Килибарда.

Принтскрин/ јутуб, Никогаш не е доцна

„Сакав да те пофалам за стајлингот. Ви посакувам многу среќа. Некако вашето пеење ме потсетува на начин на кој пее Владо Георгиев. Токму тоа му го кажав на Маре, тоа го препознав во вашиот глас“, му порача таа.

Пофални зборови доби и од Маре и од Пеѓа Јовановиќ, а како изгледаше неговиот настап, погледнете во продолжение:

На крајот жирито имаше тешка задача да одлучи кои од шестмината ветерани ќе помине во следниот круг. Тие избраа тројца од натпреварувачите, додека Боби беше избран од публиката во студиото.

Принтскрин/ јутуб, Никогаш не е доцна

Потсетуваме, Боби Амадеус има 56 години и е од Куманово, а во неговото семејство музиката отсекогаш била присутна.

Тој неодамна во Нови Сад, на 18-от Светски Тамбурица фест, за „Новосаѓанка“ ја освои првата награда за композиција.

Покрај оваа песна која е препеана и испеана на македонски јазик, Боби кој е добро познат и почитуван меѓу колегите музичари од Македонија, минатата година ги воодушеви сите и со песната „Свадба Македонска“, која беше снимена во соработка со ИН продукција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button