Еве кои три наши банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите

Три банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите. Нивните фејсбук статуси ви ги пренесуваме во целост.
Фејсбук статус на НЛБ Банка
Почитувани пензионери,
Ве известуваме дека вашите пензии се исплатени и вашите средства можете да ги користите уште веднаш.
Ве советуваме, вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Пензијата можете да ја подигнете и во експозитурите на нашата Банка, од понеделник 30.6.2025.
Со почит,
Ваша НЛБ Банка
ФБ статус на Силк Роуд Банка:
Драги наши пензионери,
ашите пензии за месец јуни ќе бидат исплатени на 30.06.2025 (понеделник) и ќе бидат достапни за подигнување во сите наши експозитури, на банкомати, преку електронско и мобилно банкарство, или пак да ги користите за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Фејсбук статус на ХАЛК БАНК:
Драги пензионери,
Пензиите за мај се веќе достапни – ДУРИ НЕКОЛКУ ДЕНА пред први!
Од денес (27.06.2025), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство.
Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut
Денешниот ден пред викенд, ви е на располагање за да си ги завршите сите ваши финансиски обврски. 😊
Важни се луѓето!