Како човечки битија, сите имаме своја светла и своја темна страна, а секоја од нив игра улога во нашиот живот. Секој знак во Зодијакот исто така има темна и позитивна страна, а овие хороскопски знаци кои ви ги прикажуваме во продолжение се најсурови и од нив треба добро да се чувате.
Скорпија
Скорпијата е воден знак кој е најинтензивен и најстраствен во Зодијакот. Сепак, неговиот интензитет понекогаш може да отиде во потрешен правец и да се претвори во омраза и цинизам. Скорпиите може да имаат многу ограничен поглед кон светот и да станат посесивни ако работите не се одвиваат онака како што тие замислиле.
Рак
Ракот е многу емотивен, грижлив и заштитнички расположен. Меѓутоа, може да стане многу опсесивен ако се почувствува загрозено или пак ако се плаши дека ќе изгуби нешто што му е драго и блиско. Кога се чувствува така, може да стане див и да ги работи работите по свое, за што после одреден период ќе зажали.
Јарец
Јарецот има своја темна страна и кога ќе дојде таа до израз, тогаш тој ги отфрла сите правила на цивилизирано однесување. Тој нема да има срам да ја покаже својата лоша страна, ако тоа му помогне да напредува во кариерата и да им се одмазди на непријателите. Има недостаток на емпатија и може да се радува поради нечија несреќа, отколку да му ја пружи својата помош.