Добрите дела, вашите планови – еве кои работи НИКАКО не треба да ги откривате пред другите
Кога сте среќни, сакате тоа да го дознае целиот свет. Но, не треба со секој да ги споделувате деталите од својот живот. Не се сите луѓе љубезни, ниту пак сите се во состојба да ве разберат и да ве прифатат, а нивните зли мисли и зборови може да ви наштетат. Еве што не смеете да споделувате со другите.
1. Вашите планови. Прво направете ги работите, а потоа дозволете вашите резултати да зборуваат наместо вас.
2. За добрите дела кои сте ги направиле. Никогаш не дозволувај левата рака да знае што направила вашата десна рака.
3. Вашите приватни мисли. Некои работи мора да останат само за себе. Не дозволувајте никој да влезе во нив.
4. Духовното знаење. Вашите внатрешни промени имаат влијание на вашиот надворешен живот. Не учете ги другите како треба да живеат.
5. Семејните проблеми. Некои работи остануваат само во семејството и никако не смеат да излезат надвор од него.
6. За нечии лоши дела. Никогаш не зборувајте за нечии лоши дела. Оставете ги другите да го живеат својот живот, зашто на тој начин само вие ќе се полните со негативна енергија.
Секако, оваа листа не завршува овде и секој на неа може да си ги додаде работите кои смета дека треба да останат своја приватност. Така составена листата препрочитувајте си ја секогаш кога ќе сакате да врескате за нешто на цел глас. Бројте до 10 и почитувајте се себеси!