Ако сакате да ги отстраните масните наслаги, нема потреба да следите строги режими на исхрана, туку во своето дневно мени да ги внесете овие видови зеленчук.
Брокула
Брокулата содржи само малку калории и масти, па е совршен избро за диета. Исто така овој зеленчук е богат со хранливи влакна и протеини и ви помага подолго време да бидете сити. Освен што е добар избор за слабеење, брокулата содржи и антиоксиданси кои го регулираат нивото на холестерол во крвта, одлична е за здравјето на коските и срцето, а го намалува и крвниот притисок.
Зелка
Покрај тоа што е богата со витамини и минерали, преку процесот на ферментација зелката добива својство на пробиотик и така ја регулира работата на органите за варење и го забрзува метаболизмот.
Карфиол
Консумирањето карфиол во текот на диетата е идеален избор, затоа што овој зеленчук го забрзува метаболизмот. Околу 100 грама карфиол содржи само 25 калории, а бидејќи е богат со хранливи влакна, го регулира и апетитот. Околу 92% од целата тежина на карфиолот е вода, па не треба да ве чуди тоа што овој зеленчук е водечки во многу диети.