NEWSБизнисВести

Еве кои четири наши банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите

Advertisement

Четири банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите. Нивните фејсбук статуси ви ги пренесуваме во целост.

Фејсбук статус на НЛБ Банка

Advertisement

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСПЛАТЕНА ПЕНЗИЈА ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ

Почитувани пензионери,

Ве известуваме дека вашите пензии се исплатени и вашите средства можете да ги користите уште веднаш.

Advertisement

Ве советуваме, вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Со почит,

Ваша НЛБ Банка

ФБ статус на Силк Роуд Банка:

Драги наши пензионери,

Вашите пензии за месец октомври се исплатени и достапни за подигнување во сите наши експозитури, на банкомати, преку електронско и мобилно банкарство, или пак да ги користите за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Фејсбук статус на ХАЛК БАНК:

Драги пензионери,

Пензиите за октомври се веќе достапни!

Од денес (30.10.2025), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut

Важни се луѓето!
Халкбанк АД Скопје

Фејсбук статус на Комерцијална Банка

Започнуваме со исплата на пензиите од петок, 31 октомври.

Ако користите дебитна картичка, со вашата пензија ќе може да располагате истиот ден. ✅

Користете ја безбедно и удобно – плаќајте безготовински во продавница или онлајн или, пак, подигнете пари од банкомат. 😊

Ако повеќе сакате да ја подигнете пензијата во филијала или експозитура, ќе може да го направите тоа од 31 октомври (петок) и во секој работен ден после тоа. 🗓️

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button