Новости

Еве кога Жика планира да се врати на малите екрани – откриено и што ќе работи

70 дена по мозочниот удар кој, за среќа, го преживеа и од кој полека но сигурно се опоравува, популарниот водител Жика Јакшиќ веќе најавува дека ќе се врати на работа.

Advertisement

Популарниот водител на емисијата „Никогаш не е доцна“, Жика Јакишиќ, конечно објави дека е подготвен за враќање на малите екрани –  и тоа веќе на 10 септември! По сериозниот здравствен предизвик, тој полека ја враќа својата енергија и препознатлив оптимизам.

„Јас сум одлично, се опоравувам“, изјави Жика со насмевка за српските медиуми, нагласувајќи дека секојдневно посетува логопед и оди на терапија и на физиотерапија. Состојбата му се подобрува и најважно – тој е повторно „нормален, здрав“ и подготвен за работата која со децении ја негува со страст.

Advertisement

Со насмевка во очите, тој вети: „Десетти септември снимаме емисија. Се враќам на работа радосен и весел!“ Ова е крупна позитивна вест за сите негови фанови.

Неговите соработници веќе велат дека ќе видиме „нов Жика“ на водителската позиција на емисијата „Никогаш не е доцна“ – посмирен, со нова енергија и свежа перспектива.

Како што најави продуцентот, „од есен, тој ќе биде дел од новата сезона, со насмевка на лице, опоравен и полн со добрина како и секогаш“.

Advertisement

Веруваме дека ова враќање ќе биде повеќе од обично враќање на работа по извесен период на одмор, туку ќе биде триумф на човечкиот дух и на љубовта кон професијата и кон публиката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button