Вести

Еве кога се очекува првиот снег во Македонија

Advertisement

Meтео анализа на Славчо Попоски.

Во четврток и во петок (2 и 3 октомври) нашата Република Македонија но и целиот регион ќе биде зафатен од зимски ладен бран од исток и од североисток, односно од Русија.

Advertisement

Ќе дојде до формирање на секундарен циклон над Медитеранот и тој ќе услови да имаме многу обилни врнежи од дожд кои полека ќе преминуваат во снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на првата и посериозна снежна покривка за оваа сезона.

Според она што можам да го кажам во моментов и според најновите излези на прогностичките материјали, на 2 и на 3 октомври снежната граница во нашата Македонија ќе се спушти дури и на помала надморска височина (локално под 1000 метри).

Снег на 2 и на 3 октомври можеме да очекуваме и во повисоките населени места, па дури и во дел од градовите во западните и во северните предели од нашата Република Македонија.

Advertisement

Следува целосна и детална метео анализа токму околу овој зимски бран во првите денови од месец октомври.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button