Еве какво изненадување доби Наум Петрески за својот роденден – цела кафана стана и му аплаудираше
Нема ништо поубаво од тоа кога на некој спонтано ќе му покажат колку е сакан и ценет

Македонскиот легендарен фолк-пејач Наум Петрески го прослави роденденот заедно со своите најблиски.
Имено, нашето бисерно грло имаше убава причина за славење, па си доби бројни честитки и од неговите фанови ширум светот.
Сепак најголемо изненадување беше она што му го приредија најблиските, но и сите останати што во тој момент беа присутни.

Фејсбук/ Наум Петрески
Имено, Наум сподели снимка од роденденската прослава во еден ресторан, кога келнерот го изненади со тортата.
На тортата го имаше само бројот 5, а откако Наум ја дувна свеќата сите станаа и му го честитаа роденденот со аплауз.

Фејсбук/ Наум Петрески
Пејачот беше пресреќен, а настанот го овековечи неговата сопруга Зуица Лазова, додека до Наум седеше синот Стефан.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Фејсбук/ Наум Петрески
Потсетуваме, Наум е роден 1966 година во Охрид, а своето детство и дел од младоста ги поминува во селото Лабуништа.

Фејсбук/ Наум Петрески
Пејачот сега го прослави 59. роденден, а по објавата на социјалните мрежи следуваше лавина од честитки од фановите.

Фејсбук/ Наум Петрески
Многумина му порачаа и дека се уште е млад во душата и дека не изгледа како просечен човек на прагот од седмата деценија.

Фејсбук/ Наум Петрески
Покрај сопругата Зуица која со оваа заедничка снимка и јавно му го честиташе роденденот, тоа го направи и ќерката Македонка.

Фејсбук/ Наум Петрески

Фејсбук/ Наум Петрески
Инаку, Зуица деновиве сподели и една фотографија со која сподели уште една преубава вест за цело семејство.
Нивната ќерка Македонка дипломираше, па гордата мајка се пофали со своето чедо кое исто така се занимава со музика.

Фејсбук/ Зуица Лазова
Таа дипломираше на Музичката академија, а по стапките на родителите тргна и најмалиот син, Стефан.
Наум од претходниот брак ги има и ќерките Сања и Анастасија, а познат пејач е и неговиот зет кој е во брак со најстарата ќерка.
Повеќе за зетот на Наум откријте тука>>




