БизнисНаши ѕвезди

Еве каков „ѕвер“ вози нашиот поранешен политичар – милионите ги направи со помош на сопругата

И тој и сопругата се медицински лица, но се занимаваат со неговиот бизнис што го започна во 90-тите

Advertisement

Отворено зборува за своето богатство

Поранешниот политичар поседува еден од најскапите автомобили во Македонија, вреди цело богатство.

Advertisement

Имер Селмани е познато лице од бизнисот во Македонија, но и како поранешен политичар од нашата земја.

Фејсбук/ Имер Селмани

Тој беше пратеник, вицепремиер и министер за здравство, а своевремено се кандидираше и за претседател и освои одличен број гласови.

Advertisement

Има завршено Медицински факултет на Св. Кирил и Методиј, а во 2008 година ја основа партијата Нова демократија.

Фејсбук/ Имер Селмани

Неговата политичка кариера започнува како градоначалник на општина Сарај, во 2000 година, а се до оформувањето на неговата партија Нова демократија беше потпретседател на ДПА.

Со бизнис се занимава од почетокот на 90-те години и има своја империја за моторни масла и автоделови.

Мерак на скапи автомобили

Селмани денес тежи неколку десетици милиони евра, а во една пригода самиот откри дека ужива да вози скапоцени автомобили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Imer Selmani (@selmani.imer)

Тој е роден и израснат во село Шишево каде и денес живее, а во својот возен парк има и едно Порше 911-ка кое го вози со мерак.

Впрочем за ова тој и самиот зборуваше во еден поткаст, а мошне активен е и на социјалните мрежи каде често објавува семејни фотографии.

Бонус видео

Ќеифот на Селмани

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button