Наши ѕвезди

Еве каков „факултет“ завршил Никола Станишиќ – ќе се изненадите од она што го откри во емисијата

Никола има одличен глас, но и зрачи со позитивна енергија и важи за омилен пејач меѓу колегите музичари....

Advertisement

Го спомна Тоше Проески, но и легендата Џеј кој една многу позната песна ја позајмил од македонскиот пејач Цаки Кисми…

Победникот во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, во последно време, заради своите обврски, често престојува во Белград.

Advertisement

Никола неодамна го покажа својот стан во кој живее во овој град на екипата на една емисија на Гранд продукција, откривајќи детали од неговиот живот по победата во популарното музичко шоу.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

И како што самиот вели, најмногу престојува во Македонија, но заради работата често престојува и во Белград.

На прашањето кои песни српски најчесто се пеат во Македонија, Никола вели дека речиси сите нивни познати песни се познати и кај нас, за разлика од македонските, кои многу помалку се пеат кај нив.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„Ние воглавно секоја песна ваша ја знаеме, за разлика од вас Србите кои знаете само две-три песни македонски“, вели со насмевка Никола, на што водителот додава дека не се баш две-три, но и дека е убеден дека сите оние стари македонски песни ги знаат сите во Србија.

„За тоа е заслужен Тоше Проески кој го направи тој албум со тие македонски хитови во некои поинакви аранжмани“, вели водителот.

„И тоа навистина звучи феноменално“, додаде тој.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Многу песни кои се хитови тука, всушност се препеани македонски песни, посебно од оние од 80-те и 90-те години, вели водителот.

„Да. Има многу песни што наши композитори и пејачи ги правеле, па потоа се препеани на српски. Знам многу такви песни“, вели Никола, а потоа раскажа и една ситуација со неговиот колега од Македонија, Цаки Кисми, кој самиот му открил дека една негова песна ја има препеано легендарната фолк-ѕвезда Џеј.

Никола во емисијата откри и дека од свои 17 години почнал да настапува, и работел секој викенд, петок, сабота и недела, така што немал време за факултетски студии. Водителот го праша дека тој ќе биде од оние што имаат завршено естраден факултет, на што Никола во шега и како од пушка му одговори:

„Да, естраден, кафански факултет“, се пошегува Никола.

Потсетуваме, Никола победи во последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“, а беше во тимот на Светлана Ражнатовиќ.

По победата тој продолжи да ниже успеси, а сними и една песна со колегата Гоце Петрески со која ги воодушевија сите.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button