Наши ѕвезди

Еве како згодната Лила со овие фотографии го „запали“ интернетот – како тинејџерка и на 53 години

Оваа дама што и да облече изгледа неверојатно...

Advertisement

Водителката Лила Филиповска важи за една од најубавите дами од нашите мали екрани, а сега покажа и зошто е тоа така…

Нашата позната водителка не ретко може да ја видиме и во вечерно издание, на некоја забава, но и на различни настани.

Advertisement

И секогаш кога тоа ќе го направи, водителката привлекува внимание со својот изглед, но и со модниот избор што ќе го направи.

Принтскрин/ Јутуб, Сител

Впрочем така беше и овој пат кога Лила на една фотографија што исплива на Инстаграм ги воодушеви сите со своето издание..

Advertisement

Имено, водителката е мошне активна на социјалните мрежи и не ретко споделува моменти и од својот приватен живот.

Па така таа и сега се огласи, а интересното пролетно издание што го носеше дефинитивно никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Лила Филиповска

И банкарот не трепка кога ќе ја види во ваков минич

Лила овој пат носеше црна креација која во горниот дел беше широка и со широки ракави, додека здолништето беше кусо и со чипка.

И токму заради должината на овој дел од креацијата во центарот на вниманието беа убавите нозе на Лила кои таа дополнително ги истакна со елегантните беж сандали со високи потпетици и со долга лента која се врзува со голема панделка која потоа виси преку зглобот и создава шик ефект.

Водителката во рацете носеше тренди црна чантичка, а лицето и беше покриено со црни очила за сонце и дел од пуштената коса.

Па, од 1 до 10, со колку би го оцениле ова издание на Лила?

Бонус видео

@lilafilipovskaofficial

The highest infinity pool in the world 🫶 Address Beach Dubai @voyager_touristic

♬ original sound – LILA FILIPOVSKA OFFICAL

Лила на одмор во Дубаи

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button