Еве како заврши концертот на Цеца во Велес и што се случуваше по големиот скандал со знамето (видео)
Исплива ново видео од концертот на познатата пејачка

Од оваа снимка се гледа убаво што се случи
По скандалот што го направи Цеца Ражнатовиќ со бугарското знаме на концертот во Велес, исплива уште една снимка од настанот.
Но на ова видео се гледа како заврши концертот, откако претходно беше исвиркана од публиката заради знамето.

Принтскрин/ Икс
Имено, во медиумите овие денови многу се пишуваше за овој настан, а некои од нив објавија дека пејачката била исвиркана, но и симната од сцената по инцидентот што го направила со знамето.
Овие написи ја изреволтираа и Цеца која по концертот, на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, им се обрати на новинарите.
Таа тогаш им порача дека некои од нив ширеле невистини за целиот настан, но и дека им се извинила на сите што ги повредила со нејзината реакција. Пејачката тога потенцираше дека немало никакво бркање од сцената, туку и по инцидентот концертот продолжил и публиката уживала до крај во нејзините песни, па на крај ја испратиле со аплауз.
📍Prva dama balkanske muzičke scene demantovala je juče da je pre vremena morala završiti koncert u Velesu, a evo i video dokaza! 🇲🇰#Ceca #Veles #Makedonija pic.twitter.com/tM2kJpaG0H
— Ceca Press (@PressCeca) November 4, 2025
На социјалните мрежи сега се појави и снимка која го покажува тоа, а Цеца на истата пред публиката пее со македонското знаме.
Пејачката на крај доби и громогласен аплауз од своите верни фанови, па на самиот крај им се обрати со зборовите:
„Ви благодарам најмногу мои драги Македонци, мои од Велес. Ова би било се од мене, ве љуби и сака вашата Цеца“, им порача таа.
И додека Цеца си заминува од сцената, како што може да се види и од самото видео, луѓето го скандираа нејзиното име.

Принтскрин/ТикТок
Потсетуваме, Цеца на концертот кој се одржа ма 31 октомври во Велес направи инцидент кога од публиката доби бугарско знаме.
Како што подоцна откри Никол Станишиќ, пејачот кој беше во тимот на Цеца кога победи во „Ѕвездите на Гранд“, знамето Цеца го добила од една нејзина обожавателка, која оди на сите нејзини концерти.
Оваа нејзина реакција предизвика да биде исвиркана од публиката, па знамето веднаш беше тргнато, а Цеца реагираше збунето.

Принтскрин/ТикТок
Но веќе беше предоцна, грешката веќе беше направена, па снимките што се појавија на социјалните мрежи, а на кои се гледа како Цеца го бакнува бугарското знаме, предизвикаа најразлични реакции.
Пејачката по скандалот се огласи и истакна дека немала намера никого да навреди, посебно не домаќините.
Се огласи и Мики Секуловски, кој беше со Цеца а сцената (види тука), а Ѓорѓе Давид со кого пејачката е мошне блиска и учествуваат заедно во „Ѕвездите на Гранд“, појасни дека инцидентот не бил наместен.
Таа реагираше со срце. Јас само апелирам на здравите глави, да сфатат дека Цеца, заедно со мене, е некој што најмногу се залага за овие деца тука, кои се од Македонија, што доволно кажува каков е нејзиниот однос кон Македонија“, изјави познатиот рокер Ѓорѓе Давид за медиумите, а пренесе српскиот портал „Гранд.онлајн“.



