Еве како Василија од Бугарија ги ремети комшиите – оваа Македонка со песна поместува граници (видео)
Оваа пејачка од Бугарија со песна направи многу повеќе за Македонија отколку сите наши политичари заедно

Оваа млада пејачка маѓепсува многумина како со својот беспрекорен глас, така и со своите сценски настапи.
Но она со што посебно ги освои Македонците е тоа што не крие дека е Македонка од Бугарија, што од друга страна подигна голема прашина во нејзината земја и многумина ја осудуваат за предавство.
Станува збор за младата и убава пејачка, Василија Петрова, која и покрај тоа што има само 21. година, веќе неколку пати во бугарските медиуми е осудувана затоа што се изјаснила како Македонка, но и настапувала на собири каде се пеат (!) македонски песни.
Фејсбук/ Василија Петрова
Па така неодамна бугарскиот портал „Сигнал“ ја обвини дека дури и го сменила правописот на своето име (се мисли на тоа што ја додала буквата „ј“ според македонскиот правопис меѓу буквите „И“ и „А“), па така сега оваа Македонка со потекло од Ќустендил на Фејсбук е Василија, што очигледно им пречи на многумина во Бугарија.
Покрај овие обвинувања, Василија деновиве во бугарските медиуми беше осудена и што настапи на еден фестивал во Мелник, на кој присуствувале Македонци од Бугарија, по повод 110 години од смртта на Сандански, а за што повторно беше обвинета за предавство.
Фејсбук/ Василија Петрова
Македонското чудо од дете од Бугарија?!
Како што објави медиумот „Топпреса“ бугарската јавност наводно е шокирана од ваквото поведение на Василија, па дури дрско и јавно ја повикаа да се откаже од бугарското државјанство, што е потполн нонсенс за 21. век и за земја од Европската Унија.
„На Бугарија не и требаат предавници кои јавно зборуваат за споменот на бугарските револуционери и нашата национална чест!“, пишуваат бугарските медиуми обвинувајќи ја оваа млада девојка што пее македонски песни и што на некои настапи го носи „забранетото“ знаме со Сонцето од Кутлеш.
Фејсбук/ Василија Петрова
Потсетуваме, Василија неодамна објави нова песна „Ти ми требаш“ за која сними и спот. Песната малку е поразлична од она што досега го имаме видено и слушнато од неа.
Освен Василија во спотот се појавува и познатата виолинистка „Сања” како и „Адреналин бенд”. Спотот се снимаше на повеќе локации во Охрид и покрај Охридското Езеро, а премиерата на спотот беше на Сателитската ИНТВ за Велигденските празници. Таа пред само неколку години во бугарските медиуми беше опишувана како „Чудо од дете на Пирин“, посебно кога во 2020 година на Пирин фолк во Сандански блесна во носија од Егејска Македонија стара 200 години.
Фејсбук/ Василија Петрова
Но пет години подоцна, истите овие медиуми ја клеветат и фрлаат и „дрва и камења“ по неа што пее песни како „Заветна“ на Пепи Бафтировски и што често на своите настапи покажува како го „љуби“ и милува знамето со Сонцето од Кутлеш.
Па, големо БРАВО за оваа Македонка која со песна направи многу повеќе за нашата земја отколку сите политичари заедно, нели?