Дом и семејство

Еве како страшно кавгите на родителите влијаат на децата – искрен одговор на врвниот психијатар

Родителите, дури и кога не се свесни, оставаат длабоки траги во душата на своето дете.

Advertisement

Секојдневните кавги и расправии меѓу родителите оставаат длабоки траги врз психата на децата, особено во најраната возраст кога тие сè уште не знаат да ги разберат зборовите, но многу добро ја чувствуваат атмосферата.

Со оваа тема често се занимавал академик Владета Јеротиќ – познат српски невропсихијатар, академик и писател, кој зад себе остави богато духовно и психолошко наследство.

Advertisement

Тој многупати бил прашуван што е полошо за едно дете- дали строгото воспитување или премногу попустливост, односно разгалено однесување на родителите кон децата. Неговиот одговор бил јасен:

„Подобро е детето да биде разгалено, отколку да расте во прекумерна строгост. Зашто, разгаленото дете, кога ќе влезе во свет каде повеќе не е центар на вниманието, ќе научи постепено да се коригира. Но дете кое расте во страв и со чувство на инфериорност – тоа го носи цел живот.“

Караници и препирки, што е разликата?

Јеротиќ често ја правел разликата меѓу „препирки“ и „кавги“.

Advertisement
фото пекселс

„Додека има препирки, има и љубов. Со текот на годините љубовта се менува, на 20 години сакаме на еден начин, на 30 на друг, на 40 пак, поинаку. Ако созреваме, љубовта расте со нас. Ако не, тогаш ќе имаме три брака, бидејќи на 30 сакаме како на 20, а на 40 како на 30.“

И денес, угледувајќи се на неговите зборови, психолозите велат дека целосно зрели луѓе не постојат, постои само патот кон зрелоста.

Тежината на родителските кавги

Според сведоштвата од неговата психијатриска пракса, децата од 15 до 20 години во 90 отсто од случаите за своите проблеми ги обвинуваат родителите.

„И во најголем број случаи – со право“, велел Јеротиќ.

Дете на две или три години, кое се крие под маса додека родителите жестоко се расправаат, иако не разбира зборови, ја впива секоја емоција и траума.

фото пекселс

Таквото дете подоцна расте во плашлива личност или пак, во својот брак, несвесно ќе ги повторува истите конфликти.

Јеротиќ често знаел да раскаже примери од својата пракса: ќерка која имала татко алкохоличар, подоцна се омажила за човек кој исто така почнал да пие и да ја малтретира, како некоја судбина што не можела да ја избегне.

Синот, пак, кој се бунтувал против таткото-насилник, кога и самиот станал татко, ги повторувал истите зборови и истите удари.

Ќотекот е излезен од рајот?

„Не тепајте дете, освен ако не сте апсолутно сигурни дека намерно згрешило,“ предупредувал Јеротиќ.

Според него, една неправедна физичка казна може да остави доживотна траума. „Ќерка која татко ѝ ја удрил само еднаш, и тоа останува белег засекогаш. Потоа таа или ќе најде маж што ќе ја малтретира, или ќе стане премногу чувствителна на груби зборови.“

Иако во народот постои поговорката „Ќотекот е излезен од рајот“, Јеротиќ тврдел дека тоа не е вистина. Во западните земји, вели тој, дете од шест години може да пријави насилство, но и таму постои дилема дали тоа е премногу.

Послушност или покорност?

„Разликувајте го покорното од послушното дете,“ учел Јеротиќ.

„Покорно е од страв, послушно е од љубов.“

Родителите, додава тој, најмногу се радуваат кога детето е „мирно и послушно“, но тоа не е секогаш најдобро. „Треба понекогаш и да се побуни, бидејќи така учи да се изрази како личност.“

Освен тоа, не е исто да се воспитува едно дете или повеќе.

„Близнаци, иако растат во ист дом, можат да бидат сосема различни и бараат различен пристап.“

Со сите овие размислувања, Владета Јеротиќ ни остава поука: детето најмногу страда кога живее во атмосфера на страв, насилство и кавги. Родителите, дури и кога не се свесни, оставаат длабоки траги во душата на своето дете. Затоа е потребна зрелост, љубов и разбирање, а не строгост и покорност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button