Еве како Спасен Сиљаноски со Касандра го „запали“ интернетот – го спомна и Јосип Броз Тито?!
Еве што вели познатиот фолк-пејач за Касандра која некогаш беше икона на Балканот

Турските серии веќе со децении се популарни во Македонија, но и на целиот Балкан и се едни од најгледаните на телевизиите.
Но она што денес се турските серии и кои кај нас започнаа да стануваат познати по серијата „Илјада и една ноќ“, претходно беа шпанските и јужноамериканските сапуници, меѓу кои најпозната беше венецуелската ТВ новела Касандра, која се емитуваше во 90-тите.
Оваа серија толку беше популарна во Македонија, па и н целиот Балкан што луѓето дури излегуваа и да протестираат кога главната јунакиња во серијата, Касандра, ќе ја уапсат во една од епизодите.
Принтскрин
И кога серијата ќе се емитуваше на телевизија, речиси и да немаше никој на улиците низ градовите, а главната актерка која што го толкуваше ликот на циганката Касандра, Кораима Торес, заедно со колегата Ранду, односно Хенри Сото, во една пригода и ја посетија Македонија.
Потсетуваме, Касандра и Ранду најпрво се појави на плоштадот Македонија во Скопје, а потоа и на пристаништето во Охрид.
Принтскрин
Таа тогаш беше дочекана и од тогашниот градоначалник на Скопје, а фотки од овие настани се уште кружат на интернетот.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Токму на овој настан овие денови се потсети и македонскиот пејач Спасен Сиљаноски, кој на својот Фејсбук објави:
„Гледам полемики на социјалните мрежи околу тоа каде имало повеќе народ, колку имало и тн… Дали во Штип или во Кавадарци?!.. Преполно беше и на двете места. Ама еве според мојата анализа рекордот за најголема посетеност сеуште го држи Касандра. Тоа беше ‘почеток на крајот’ за нас како Македонци… Од тогаш Европа почна да не смета како народ од пониска класа… Па уште кога слушнаа како публиката ја колне Касандра зошто не се омажила за Ранду, а таа кутрата не можеше да им објасни дека тоа е само филм, е од тогаш почна Македонија да ја ‘боли ногата’, нешто слично како Маршалот…. п.с. Објавава е наменета само за оние со IQ над 120. Другите не читајте секако нема да го разберете писателот“, напиша Спасен на Фејсбук.
Оваа негова објава предизвика големо внимание, но и реакции од страна на неговите бројни следбеници на Фејсбук.
„Мислам дека се правеа и мекици во државава кога се породи Касандра“, се пошегува еден корисник на социјалните мрежи, но имаше и такви што го критикуваа пејачот за неговата објава.
„А баш си помислив те нема да искоментираш, а за свадбите, не би те викнал да пееш на свадба, па и единствен да си“, напиша во коментарите еден од следбениците на Спасен, по што со коментар му врати и самиот пејач, кој се пошегува на негова, но и на своја сметка.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Што е ти е да се жениш, играј си тетрис и уживај си. Ти додека најдеш животна сопатничка јас ќе имам 80 +“, му одговори Спасен.
Инаку, Касандра денес има 52 години, а неодамна направи хаос и со своите објави на социјалните мрежи,
Имено, оваа актерка од Венецуела и во шестата деценија изгледа неверојатно, за што сведочат и нејзините следни објави.
Инстаграм/ Кораима Торес
Инстаграм/ Кораима Торес
Инстаграм/ Кораима Торес
Инстаграм/ Кораима Торес
Инстаграм/ Кораима Торес
View this post on Instagram