Наши ѕвезди

Еве како Спасен Сиљаноски и Јанко Колумбиецот се забавуваат – направија лом во кафаната (видео)

Весели момци

Advertisement

Водата мирува, ама не  и Спасен

Нашиот познат фолк-пејач Спасен Сиљаноски и ова лето е со набиена легенда, но тој секогаш има време и за пријателите.

Advertisement

Впрочем тоа може да го видиме и од неговите објави на социјалните мрежи каде речиси секојдневно споделува моменти од дружбите со најблиските и пријателите, но и со своите бројни колеги.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Сепак, видеото што го сподели деновиве е малку необично, а Спасен со мерак истото им го покажа на следбениците.

Advertisement

Имено, Спасен се снимаше заедно со Јанко Колумбиецот кој допатува од Јужна Америка со својата екипа во Македонија.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Овој музичар веќе некое време престојува во нашата земја, а беше гостин и на концертот на Влатко Миладиноски.

Моментот кога Влатко и Јанко заедно ја пеат Велат не нема ги изненади сите, а сега Колумбиецот можевме да го видиме повторно во акција. Овој пат со Сиљаноски, како ја пеат неговата Ќе ти дојдам“.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Оваа снимка ги воодушеви сите, а како Спасен и Јанко Колумбиецот звучат во дует, погледнете и слушнете во продолжение…

Потсетуваме, песната Ќе ти дојдам е снимена уште во 2017 година и прв пат Спасен ја изведе на Лешочкиот фолк-фестивал.

„Од тогаш верував дека ќе биде слушана, како и што беше, веднаш стана хит откако ја испеав и почна да се слуша меѓу љубителите на македонската народна песна“.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

„Единствена прагматика ми беше дали ќе ја прифати помладата публика и надвор од Балканот, за тоа не бев сигурен и еве по 5 години песната почна да се слуша и низ целиот Балкан , па и низ целиот свет. И баш ми е мило што ја слушаат сите генерации од најмало до најстаро. А и оние, еве посебно за кај нас во Македонија, што не го слушаат народниот мелос и што тврдеа дека тие песни се сељачки, ‘ние см е урбани, клубски ликови… ‘ е сега истата таа песна, кога ќе дојдат пејачи од соседството и ќе им ја испеат по клубови, истите тие луѓе на таа песна врескаат, урлаат, што ми паѓа задоволство, но во исто време ми е и чудно“, изјави Спасен во една пригода за овој негов голем хит.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button