Наши ѕвезди

Еве како Сонцето од Кутлеш се вееше во Австралија – братучедите Влатко и Дамјан направија лом

Овие денови, во Австралија, ечи македонска песна

Advertisement

И во Австралија ништо ново, освен што пристигнаа братучедите …

Започна турнејата на славните кичевчани во Австралија, а за нивниот прв концерт се бараше влезница повеќе.

Advertisement

Братучедите Дамјан Стојаноски и Влатко Миладиноски, заедно со братот на Влатко, Златко Миладиноски, ја започнаа нивната турнеја во Австралија, а првиот настап во оваа земја помина одлично.

Фејсбук/ Влатко Миладиноски

И Дамјан и Влатко оваа година направија голем успех со нивните песни, но и со големите концерти на Влатко и Златко Миладиноски што ги направија во изминативе месеци во Скопје и Охрид.

И како што самиот Дамјан неодамна и во емисијата „Кафе муабети“ откри, тие подготвија изненадување и за публиката во Австралија.

Веста дека заминуваат за Австралија израдува многумина на социјалните мрежи, а првиот настап помина одлично.

Тоа впрочем може да се види и од бројните снимки кои што се појавија на интернетот, на кои се гледа како славните братучеди ги забавуваат Македонските иселеници во оваа земја.

Фејсбук/ Дамјан Стојаноски

Станува збор за нивниот настап во Вологонг, кој се случи вера, на 31 декември, а кој беше распродаде уште пред две недели.

Фејсбук/ Дамјан Стојаноски

Од снимките може да е види како нашата дијаспора ужива во македонската музика, но и како се вее Сонцето од Кутлеш..

Повеќе од очигледно е дека и Влатко, Златко и Дамјан се воодушевени од тоа како беа примени, па непосредно пред самиот настап Миладиноски со следбениците го сподели следното:

„Драги мои. Вечерва започнуваме со првиот концерт од нашата голема турнеја во Австралија. Салата во Wollongong и овој пат е премала да не собере сите“, напиша Влатко.

По неговата објава следуваа бројни коментари и сите се согласни дека тие се македонските амбасадори како на нашата култура, така и на нашето бивствување секаде низ светот.

Потсетуваме, Дамјан во емисијата „Кафе муабети“ која може да ја погледнете во продолжение зборуваше и за тоа како поминуваат нашите музичари во дијаспората, но и дека само неколкумина од неговите колеги пеат исклучиво македонски песни на своите настапи.

Имено, Дамјан е син на легендарниот македонски фолк-пејач Војо Стојаноски, па во емисијата зборуваше и за својот татко.

Во опуштен разговор со водителката Виолета П. Периќ, Дамјан ќе ги искаже и своите лични ставови и размислувања околу состојбата со македонската музика и зошто смета дека е потценета, но нема да ги заборави и легендите на македонската народна песна кои според него не се испочитувани онака како што треба.

Целата емисија со Дамјан погледнете ја во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button