Еве како со просечна плата си купила три стана – ќе се изненадите од нејзиниот начин на штедење
„Финансиската слобода не е луксуз, туку избор“

Генијален план на оваа млада дама
Примерот на оваа млада девојка укажува на фактот дека со добро планирање на парите, секој би можел да заштеди.
Па така една 29 годишна Британка, со финансиска дисциплина и доследност кон својот пристап успеала да купи три стана, но и да заштеди речиси 90.000 евра.
Таа воедно има и јасна цел во животот – да биде финансиски независна пред да наполни 40 годни, пишува британскиот „The Sun“.
Имено, Чарли Луис годишно заработува околу 48.000 евра, а досега успеала да заштеди 88.550 евра.
Паметно трошење
Таа на социјалните мрежи отворено зборува за тоа како штеди – секој ден издвојува околу 30 евра, така што за неа секој нов ден е нов предизвик, пишува познатиот британски весник.
„Кога ќе ги соберам првите 1000 евра, веднаш се прашувам како можам побрзо да ги заработам следните 1000“, вели таа.
Паметна инвестиција
Но покрај ваквиот начин на заштеда, таа го заменила и својот голем модерен стан во скап дел од градот, за помал.
Овие чекори и овозможиле да дојде до три помали станови кои ги изнајмува и сега со нив има дополнителен солиден приход.
„Голема куќа звучи убаво, но не носи заработка. Три помали станови, од друга страна, значат постојан прилив на пари“, вели Чарли.
Работа и во слободно време
Покрај својата постојана работа, таа заработува и онлајн преку тестирање на производи и фриленсинг.
Па така само за септември, покрај платата од 2.989 евра, остварила уште 1200 евра од изнајмување и дури 11.500 евра од дополнителни проекти. И целата дополнителна заработка веднаш оди на штедење и вложување, вели оваа дама и додава:
„Дваесеттите ми се за работа и заработка, триесеттите за слобода“.
Во продолжение прочитајте ги и нејзините пет финансиски правила до кои строго се придржува и со кои штеди пари.
Минимална потрошувачка
Во ресторани јаде повремено, а достава нарачува само неколку пати годишно, со што заштедува и до неколку илјади евра годишно.
Паметно вложување
Вложува во акции и фондови, па така што на овој начин до сега има остварено 25 % од својата цел од 115.000 евра.
Дополнителна работа
Работи и во слободното време.
Штедење
Месечно издвојува околу 230 евра и избегнува долгови.
Детално планирање
И како што вели оваа млада дама, таа секој трошок го бележи, а вишокот го користи за намалување на хипотеката.
„Финансиската слобода не е луксуз, туку избор“ вели Чарли додавајќи дека слободата не е привилегија резервирана за богатите, туку одлука, па со дисциплина и јасна цел секој може да ја постигне.



