Наши ѕвезди

Еве како сега изгледа најмалата ќерка на Наум Петрески – природна убавица, на кого ви личи повеќе?

И таа реши да тргне по стапките на своите родители

Advertisement

Порасна во вистинска убавица

Пејачот Наум Петрески со Зуица Лазова има ќерка која тргна по нивните стапки и со која и двајцата родители се гордеат.

Advertisement

Македонка оваа година стана апсолвентка на Музичката академија во Скопје, а за неа Зуица во една пригода за Гламур ќе изјави:

Од фотографиите што Македонка ги објавува на социјалните мрежи може да видиме дека пораснала во преубава девојка.

Advertisement
Инстаграм/ Македонка Петреска

Нејзината мајка пак неодамна ги изненади сите и со песната што ја снимаше заедно со својата наследничка, а на нејзиниот роденден, кога воедно направија и промоција на новите песни.

Инстаграм/ Македонка Петреска

Македонка е апсолвент на ФМУ по соло пеење и тука е насочена, дури сега покажува желба да снима, но поп музика, ни откри Зуица.

Инстаграм/ Македонка Петреска

Пејачката тогаш се пофали и дека нејзиниот син Стефан иако неодамна се запишал на фолклорниот оддел, веќе кроел планови да стане пеач, а по некое време на нејзиниот син тоа и му се оствари.

Принтскрин/ Јутуб

Имено, Стефан оваа година се појави заедно со татко му на Прилеп фест, а заедно снимија и спот за песната „Даме од Македонија“.

Мислам дека колку им олеснува тоа што не имаат нас за родители, толку ќе им биде и потешко оти ги споредуваат и бараат сличност со нас“, изјави Зуица во интервјуто за Гламур (види тука) во врска со тоа дали нејзините деца чувствуваат притисок што нивните родители се едни од најпознатите музичари кај нас.

Фејсбук/ Наум Петрески

Потсетуваме, Наум покрај Македонка и Стефан кои ги има од бракот со Зуица од претходниот брак има уште две ќерки.

Минатата година во септември Наум ја ожени едната од нив, Сања Петреска, а Анастасија, која исто така е пејачка, пет години е во брак со музичарот Владимир Поповски.

Фејсбук/ Анастасија Петреска

Тие од овој брак имаат две дечиња – внуката на Наум, Андреа, која има пет години, како и двегодишното внуче Лука.

Фејсбук/ Анастасија Петреска

Како изгледа и Анастасија, но и Сања и тоа додека нејзиниот татко ја држеше за рака како невеста, потсетете се од фотографиите…

Инстаграм/ Македонка Петреска

Инстаграм/ Македонка Петреска

Бонус видео

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button