Еве како се запознале свекрвата и свекорот на Каролина – пејачката живее опкружена со големи уметници
Најдобрите свекор и свекрва на нашата естрада

Нашата позната пејачка Каролина Гочева (45) неодамна гостуваше во една емисија каде зборуваше и за својот брачен живот,
Таа откри дека нејзиниот сопруг Михаил Корубин е помлад од неа шест години, но и дека тоа воопшто не им пречи.
Пејачката во емисијата се присети и на нејзиното пријателство со Тоше Проески со кого таа беше мошне блиска.
Принтскрин/ Јутуб, К1
Таа во еден момент се фати за микрофонот и ја испеа една од најубавите песни на Тоше, а видеото што телевизијата го сподели веднаш стана вирално на социјалните мрежи и има илјадници лајкови.
Потсетуваме, каролина од 2017 година е во брак со Михаил Корубин, син на дизајнерката Лиле Корубин и уметникот Рубенс.
Инстаграм
Сопругот на Каролина – син на познати уметници
Каролина е мошне блиска со својата свекрва за што сведочат и нивните бројни заеднички објави, а познатата модна дизајнерка и уметник Лиле, често споделува снимки и фотки од настапите на снаата.
Принтскрин/ Јутуб, Томато
Покрај Михаил, Лиле и Рубенс Корубин го имаат и синот Дамјан, а Рубенс во една пригода откри како ја запознал сопругата.
Имено, како што раскажа тогаш познатиот сликар, нивната прва средба се случила пред повеќе од четири децении на денот кога католиците го прославуваат Божиќ, и тоа во нејзиниот дом.
„Таа ноќ, со еден заеднички пријател отидовме во домот на семејството на Лиле. Тогаш првпат се видовме и таа ми остави силен впечаток. Оваа прва средба, првиот поглед беше навистина судбоносен“ раскажа Рубенс пред неколку години во интервју за „1Е Магазин“.
Подоцна следувала заедничката прослава на Нова година пред да почнат да се забавуваат. По четири години врска, стапиле во брак.
Повеќе детали од она што Каролина го откри во емисијата на К1 телевизија во која неодамна гостуваше, дознајте тука.