Еве како се славеше Бадник во топлиот дом на Анета Љумаковска – трпезата богата, пејачката пресреќна
Беше весело овие денови во домот на пејачката
Познатата фолк-пејачка, Анета Љумаковска, е голема верничка и верските празници секогаш ги слави во склад со традицијата.
Пејачката сега се огласи и покажа како изгледа Бадниковата празнична трпеза во нејзиниот дом.
Таa најпрво се огласи и со порака потпишана од новиот бенд со кој нaстапува им го честиташе празникот на верниците.
Принтскрин/ Јутуб
„Среќен бадник и среќни божиќни празници. Нека овој празничен дух ве води во новата година, уживајте со вашите најблиски и создавајте спомени полни со топлина. Ваши Анета и Дакапо“, напиша Анета.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката потоа ја фотографираше и посната празнична трпеза што ја подготвила и тоа го сподели со своите фанови.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Повеќе од очигледно е дека Анета за празникот поприлично се потрудила стилски да ја уреди посната трпеза. На масата имаше поставено чинии, запалена свеќа, посни сармички и гравче, а тука беше и овошјето.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тука се и бадниковите гранчиња, а во позадината се гледаат цвеќиња што Анета ги има во својот дом, како и новогодишната елка.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Сето ова покажува дека пејачката со многу љубов и внимание го уредила својот дом за празниците и го претворила како во бајките.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Впрочем тоа можевме да го видиме и за Нова година кога пејачката исто така подели неколку фотографии од својот нов дом.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа тогаш направи дури и една селфи фотографија на која е без грам шминка, а во позадината се гледа нејзината новогодишна елка.