Наши ѕвезди

Еве како распеаниот Никола од Македонија го освои целиот Балкан – вака пее најдобриот од „Ѕвездите на Гранд“

Потполно заслужена победа...

Advertisement

Сега цел Балкан зборува за него

Младиот пејач од тимот на Цеца Ражнатовиќ, Никола Станишиќ, победи во последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Никола од самиот почеток ги освојуваше сите со своите настапи, а покрај гласот, пресудна беше и неговата харизма.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, Никола на сцената секогаш изгледаше самоуверено, но и зрачеше со емоции, така што од првиот круг добиваше најмногу гласови, сите воодушевувајќи ги со своите извонредни настапи.

Advertisement

И како што самиот појасни во една пригода, по совет од Цеца, Никола реши во шуто да настапува исклучиво со македонски песни.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

И тоа секако беше вистинско изненадување, посебно за публиката во Македонија, а Никола секогаш знаеше што да избере.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Впрочем така беше и во финалната вечер, посебно кога реши на сцената да ја испее познатата песна од ДНК.

Ова беше еден од најемотивните настапи можеби во текот на целото шоу, а Никола одвај се воздржа да не заплаче.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

И со неговиот емотивен израз тој ја освои и публиката, за што сведочи и бројот на гласови што Никола ги доби во финалето.

Имено, од вкупно 484.881 гласови, Никола доби најмногу – вкупно 138.714 гласови со што победи во 18 сезона од „Ѕвездите на Гранд“.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Како изгледаше моментот кога Никола го прогласија за победник, па Цеца скокна од радости, погледнете тука.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Во продолжение погледнете ги и неколкуте настапи на Никола со кои тој ги воодушеви сите во студиото, но и целиот Балкан.

Потсетуваме, Никола по трагедијата што се случи во Кочани сакал да се откаже од понатамошното натпреварување, а Цеца успеала да го разубеди и да го натера да остане во „Ѕвездите на Гранд“.

Еве што изјави Цеца во врска со тоа:

@gresnik007

#fyp #balkan #srbija #balkantiktok #srbijatiktok #makedonija #zabava #estrada #muzika #zvezdegranda #pobednik #nikolastanisic #pobeda #ceca #cecaraznatovic #foryou #foryoupage #viral #viralvideo #viraltiktok

♬ original sound – Грешник

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button