Наши ѕвезди

Еве како поранешниот сопруг на Тамара ужива со Едина – пристигна и бебето, сега се цела банда (фото)

Погледнете како изгледа дел од нивниот дом кој зрачи со топлина и љубов

Advertisement

Нивниот дом е опремен со модерен мебел во светли нијанси

Едина Муса, поранешна кошаркарка и позната фитнес инструкторка се породи пред само неколку дена и го роди Максим.

Advertisement

Таа важи и за една од нашите најпознати спортистки на Инстаграм, а објавуваше снимки и фотографии цело време и додека беше бремена, на тој начин давајќи им мотивација на многу бремени жени да бидат активни во бременоста, но воедно споделувајќи и совети.

И благодарение на својата активност, Едина и само една недела откако се породи изгледа неверојатно.

Advertisement
Инстаграм/ Едина Муса

Таа сега го покажа и својот наследник со фотографија со кој сите ги воодушеви, а непосредно пред да се оствари во улога на мајка, заедно со саканиот Александар Димитровски -Мачка (поранешниот сопруг на Тамара Тодевска) направија фотосесија во својот дом која ќе им остане за спомен на овие посебни мигови во животот.

Инстаграм/ Едина Муса

Но благодарение на овие фотки Едина покажа и како изгледа нивното гнездо во кое сега тие уживаат во родителството.

Инстаграм/ Едина Муса

Преубавите фотографии ги направи фотографката Драгана на која и Едина и се заблагодари во својата објава, а која стои зад Инстаграм профилот и сајтот loveclick.mk специјализиран за семејни фотографии.

На овој интересен начин Едина и Мачка ги отворија вратите на својот раскошен дом кој изгледа како излезен од магазин.

Инстаграм/ Едина Муса

Едина позираше со големиот труднички стомак во големиот и просторен дневен престој опремен со модерен мебел.

Инстаграм/ Едина Муса

Од дрвениот под, па се до интересниот дизајн на ѕидовите секој детаљ во нивниот дом зрачи со топлина, а тука се и нивните домашни миленици кои позираа како да се професионални модели.

Инстаграм/ Едина Муса

Повеќе детали погледнете во продолжение…

Големо БРАВО за оваа весела екипа!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button