Еве како Поповиќ ги трошеше своите милиони и зошто купуваше само екстремно скапи автомобили
Неговиот возен парк вреди околу 1 милион евра

Ова за него беше и повеќе од пасија
Еден од основачите и креативниот директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, беше горд на својот возен парк.
Тој во својата богата колекција имаше Ферари, Ламбурџини и Мерцедес кои вредат околу милион евра.
Поповиќ само при крајот на 2023 година се почесто со црвено Ферари кое чини 500.000 евра, a по неколку месеци купи и бело.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И при неговата последна посета во студиото на „Гранд“ тој дојде со еден од овие свои прескапи ѕверови во кои уживаше да се вози.
И како што самиот откри во една пригода, неговата љубов кон скапите автомобили е од времето на поранешна Југославија.
Во 80-тите тој заедно со Лепа Брена заработувал многу пари од нивните турнеи, а заради законот во тогашна Југославија, „купи куќа, врти стан“, не можел да ги вложува парите во имот, па купувал коли.
Како изгледа дел од неговиот возен парк, погледнете во продолжение…
Потсетуваме, креативниот директор на „Гранд“ ја изгуби битката по кратка и тешка болест и почина на 1. март во Париз.
Принтскрин/ Папарацо лов, Пинк
Тој последните неколку месеци се лечеше во онколошкиот институт Густав Руси во Вилзиф, предградие на Париз.
Но и покрај тоа што за него се грижеа врвни доктори и се лечел со најсовремените медицински методи, тој не успеа да ја добие битката.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Поповиќ ќе биде погребан денес, 6. март, во 14.30 часот, во Белград, додека комеморацијата ќе биде во 10.00 часот.