Еве како пејачката Анета сите ги изненади – облече кусо здолниште, но нозете останаа во втор план (фото)
Пејачката се пофали со своето ново издание...

Познатата пејачка направи мала, но впечатлива промена.
Анета Љумаковска важи за елегантна дама која го негува својот природен изглед, но и која знае да изненади и со својот стил.
Пејачката во последно време тоа често го прави, а со една промена во нејзиниот имиџ се почесто привлекува внимание.
Имено, Анета речиси на секој свој настап е со нова, освежена фризура, па така е и со ова нејзино интересно издание.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа овој пат позираше пред огледалото во својот дом, а покрај фризурата со која потполно го освежи својот изглед, пејачката инспирираше многу дами и со интересното издание во пролетни бои.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Анета избра кусо здолниште и тренди предимензионирано сако во нежна розова нијанса, под кое носеше бел корсет, а целото издание го заокружи со розови високи потпетици и преубава шминка.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Ова пролетно издание на пејачката кое многу дами ќе сакаат да го ископираат ги воодушеви сите, посебно девојките.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тоа секако се однесува и за нејзината нова фризура, која не бара многу одржување, што е практично и за паричникот, а која воедно и одзема неколку години, но и изгледа младешки и поприлично занесно.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Посебно за оние дами што за секој свој изглед мора да одат на фризер, можеби сега е вистинскиот момент да направат ваква промена.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
На Анета тоа очигледно одлично и оди, па и без никакви радикални промени изгледа шармантно, женствено стилизирано, но и природно и максимално опуштено во исто време, нели?