Еве како овие две наши познати дами уживаат заедно во луксузниот хотел – цела плажа гледаше во нив
Ова е едно од најубавите места во цела Турција

Мелем за очи, мелем за душа…
Нашата позната водителка заедно со уште неколку пријателки овие денови ужива во убавото сончево време во Турција.
Водителката Викторија Петровска одлучи да замине на одмор и моментално престојува во еден луксузен хотел во Анталија.
Инстаграм/ Викторија Петровска
Викторија веќе некое време престојува на една од омилените дестинации на многу Македонци од каде редовно се огласува на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а со една од своите последни објава ги заинтригира сите.
Имено, Викторија сподели снимка на која е со уште една наша позната дама од социјалните мрежи и сите ги изненади.
Инстаграм/ Викторија Петровска
Станува збор за неверојатната Бетика од Ресен, позната како ледената кралица од Македонија заради својата необична навика.
Инстаграм/ Бетика
Имено, Бетика минатата година секојдневно се снимаше како се бања во студена вода, а како што самата откри во една пригода, благодарение на овој третман таа успеала да оздрави и да реши сериозни здравствени проблеми со кои се соочувала.
Повеќе за Бетика прочитајте тука.
Инстаграм/ Бетика
Како овие две дами уживаат сега на ова преубаво место во Турција, но и во луксузниот хотел, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Викторија Петровска
Потсетуваме, Викторија, која работи во телевизија Сонце, пред само неколку дена сподели и една среќна вест од ова преубаво место.
Инстаграм/ Викторија Петровска
Имено, таа токму тука го прослави својот 30. роденден кој очигледно ќе остане во нејзиното сеќавање засекогаш.
Инстаграм/ Викторија Петровска
Викторија тогаш сподели и неколку фотографии на кои позираше во тексас шорц и костим за капење, а како изгледаше и во ова свое издание нашата убава водителка и која беше нејзината роденденска желба за оваа година, погледнете од текстот тука.