Еве како оваа мама се одржува во форма додека цела Македонија зборува за неа и за нејзината „Жена“
Благодарение на оваа навика нашата позната пејачка има беспрекорно тело
Нашата позната пејачка Антониа Гиговска воодушевува како со своите песни, така и со стилот и имиџот што го „фура“.
Таа за многу кратко време откако се породи повторно се врати во форма, па веднаш почна да привлекува внимание и на социјалните мрежи.
Имено, додека беше бремена Гиговска паузираше со музичката кариера, но и со објавите на Инстаграм, а откако се породи за само неколку месеци повторно беше онаа старата, а според многумина, дури и многу поубава од кога било досега.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Впрочем тоа можевме да го видиме и деновиве во нејзиниот нов спот „Жена“ со која се најде високо на нашите трендинг листи.
И додека едни се воодушевени од спотот и песната, други и порачаа дека никогаш не изгледала пос*кси и поубаво.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
А за сите оние што се прашуваат како успева на оваа мама да го постигне тоа, пејачката деновиве сподели фотки и од теретана.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Облечена во хеланки Гиговска направи неколку селфи фотографии, покажувајќи дека вежбањето и помага да биде во топ форма. И благодарение на тренинзите и часовите поминати во теретана, Гиговска зрачи со самодоверба, па дури и кога носи провокативни креации какви ретко која девојка би се осмелила да ги облече.
Тоа можевме да го видиме и од спотот каде блескаше во црвениот фустан со отвори, но и од нејзините Инстаграм изданија.
Некои од нив погледнете во продолжение…