Еве како Ноне си го одржува телото во топ форма – Малечката Сирена во фитнес издание (фото)
Ноне се врати дома, па веднаш ги „засука“ ракавите

Поранешната македонска пејачка Ноне Неделковска, позираше во теретана и веднаш привлече внимание.
Ноне, која ја остави својата музичка кариера и пред десетина години замина да работи на брод, последните неколку години со своите бројни обожаватели комуницира преку социјалните мрежи.
И секогаш кога ќе сподели фотографии или снимки привлекува внимание, а така беше и со нејзиното последно издание.

Инстаграм/ Ноне Неделковска
Имено Ноне се снимаше во теретана, на справа за трчање, а во фокусот беше и нејзиното раскошно деколте.
Ноне изгледаше заводливо и во ова издание, па си доби бројни лајкови и срциња од своите верни обожаватели.

Инстаграм/ Ноне Неделковска

Инстаграм/ Ноне Неделковска
Таа само еден ден претходно објави снимка од настап на Владо Јаневски, па покажа и како се забавува со своето друштво.
Поприлично расположена ги пееше песните на својот поранешен колега заедно со сите останати, а како изгледаше Ноне и во ова свое вечерно издание, во „домашна“ атмосфера, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Ноне Неделковска

Инстаграм/ Ноне Неделковска

Инстаграм/ Ноне Неделковска




